На саемот за мобилни технологи во Барселона, SEAT презентираше концепт кој во 2021 година влегува и во сериско производство

Неговото име е Minimo, a станува збор за електричен транспортер на половина пат помеѓу мотоцикл и автомобил, возило многу слично на Twizy од Renault. Долго е само 2,5 метри и 1,24 метри широко. Во салоно има место за двајца возрасни кои влегуваат преку вратите кои се подигаат.

Minimo е електрично возило со батерија која лесно се заменува, а автономијата му е околу 100 километри. Во зависност од возачот, неговата возраст и дозвола, возилото ги приспособува своите перформанси, па постигнува максимални 45 km/h или 90 km/h. Се користи и Google Assistant, а ќе има и автономен систем за управување како и систем за комуникација со други возила и инфраструктура.