Toyota e единствена марка помеѓу ТОП 10 највредните во светот

Во овогодинешната листа на 100 највредни светски брендови на американското списание Forbes свое место имаат 11 автомобилски брендови

Шести пат по ред најдобро рангиран автомобилски бренд е јапонската компанија Toyota.

Toyota е рангирана на 9-то место и е единствената автомобилска марка во Топ 10. Дури осум позиции подоле, на 17-та, е следниот нејзини директен конкурент – Mercedes-Benz. Од Forbes наведуваат дека јапонскиот бренд е проценет на 44,6 милијарди долари (без промена во однос на минатата година), а приходите се 190,8 милијарди. Споредбено, бројките за германската марка се соодветно 33,2 милијарди (3% пад на вредноставо споредба со 2018 година) и 125,9 милијарди долари.

Останатите 9 автомобилски брендови на листата се:

BMW (21) – вредност од 29,8 милијарди долари (-5%) и 91,5 милијарди долари приходи
Honda (28) – вредност од 25,8 милијарди долари (+1%) и 134,9 милијарди долари приходи
Audi (41) – вредност од 14,2 милијарди долари (-4%) и 61,9 милијарди долари приходи
Ford (48) – вредност од 13 милијарди долари (-8%) и 152,7 милијарди долари приходи
Porsche (62) – вредност од 11 милијарди долари (+1%) и 30,4 милијарди долари приходи
Chevrolet (63) – вредност од 19,7 милијарди долари (-7%) и 80,6 милијарди долари приходи
Lexus (72) – вредност од 9,6 милијарди долари (+1%) и 23 милијарди долари приходи
Nissan (81) – вредност од 8,9 милијарди долари (-6%) и 97,2 милијарди долари приходи
Hyundai (94) со вредност од 8,1 милијарди долари (-8%) и 88 милијарди долари приходи

Освен Toyota во Топ 10 се следниве брендови:

1. Apple – вредност од 205,5 милијарди долари,
2. Google – вредност од 167,7 милијарди долари
3. Microsoft – вредност од 125,3 милијарди долари
4. Amazon – вредност од 97 милијарди долари
5. Facebook – вредност од 88,9 милијарди долари
6. Coca-Cola – вредност од 59,2 милијарди долари
7. Samsung – вредност од 53,1 милијарди долари
8. Disney – вредност од 52,2 милијарди долари
10. McDonald’s – вредност од 43,8 милијарди долари

Најголема годишна промена во вредноста има Amazon (+37%), а најголем пад има H&M (-12%), кој е на 58-то место со 11,5 милијарди долари.