Ова се најпродаваните автомобили во Европа во текот на 11 месеци од 2020 година
Дали Volkswagen Golf ќе извиси во конечното рангирање?
Според податоците објавени од специјализираниот сајт focus2move.com, во текот на 11-те месеци од 2020 година, Renault Clio e продаден во вкупно 314.357 единици (+2,9%) на пазарите во 44 европски земји, од Португалија до Русија.
На второ место е VW Golf со испорачани 283.614 примероци (-34.4%). Третата позиција ја држи уште еден Volkswagen, a тоа е моделот Polo. Во текот на 11-те месеци од 2020 година од овој модел се продадени се 225.941 единици (-27.5%).
Интересно е што моделот на производителот од Волфсбург, VW Tiguan, исто така е во Топ 5, односно на 4-та позиција. Во периодот јануари-ноември 2020 година, од овој модел во Европа се продадени 209.785 примероци (-25.6%). На 5-та позиција е Ford Focus со 182,492 примероци (-19.2%).
Најпродаваната 10-ка ја дополнуваат Peugeot 208 – 178.970 (-14.9%), Toyota Corolla – 169.505 (+10.9%), Nissan Qashqai – 168.820 (-29.9%), Renault Captur – 162.968 (-21.7%) и FIAT Tipo/Egea – 162.968 (+83.9%).