Во денешно време малите куќи се сè попопуларни, иако таквиот начин на живот бара бројни компромиси.

Да се ​​живее во мала куќа, без разлика дали е фиксна, монтажна или мобилна, дефинитивно е предизвик. На простор од не повеќе од 15 метри квадратни е тесно и на летување, а камоли ако треба трајно да се живее така.

На таква идеја за „мала куќа“ дошло и семејството Евелин. Ова е семејство со дури шест деца, па некако ваков предизвик звучи како невозможна мисија. Не и за нив, затоа што решиле својата куќа на тркала да ја направат од автобус, секако двокатен.

Нивната куќа на тркала има два посебни тоалета, туш, место за спиење, учење и игра и кујна со апарати за домаќинство. Имало место и за машина за перење, а посебно изненадување се крие на покривот, каде покрај соларните панели се наоѓа и простор за престој на отворено

Животот на пат е секако голем предизвик, а за таков живот со шест деца навистина треба да се има храброст. Во секој случај, тоа е интересна животна приказна и филозофија која отвора многу прашања и покажува колку навистина се различни луѓето.