Еден од најголемите оксиморони во мото индустријата е електричната енергија и Harley Davidson, или тишината и името на легендарниот производител. Но, тоа се случува и станува реалност

Harley Davidson се уште е на прагот на финансиска провалија и ако нешто не ги промени работите на подобро, лесно може да го изгуби компасот и да падне во бездната. Таквите ситуации бараат радикални решенија, кои во овој случај одат навистина далеку, сè до идејата за електричен Harley.

LiveWire е проект кој трае со години. Сега конечно е подготвен за комерцијализација, па токму затоа од Harley Davidson одлучиле да излезат со јавни прелиминарни податоци. Така, овој мотоцикл ќе има моментално забрзување од 3,5 секунди до 96 km/h, а во урбани услови просечната автономија со едно полнење ќе изнесува 177 километри. И кога станува збор за полнењето, од Harley Davidson велат дека еден час полнење во домашни услови значи изминати 21 километар. Се разбира, преку брз полнач батериите се полнат за помалку од еден час.

Мотоциклот располага со дигитален интерфејс со 4,3-инчен дијагонален екран и можност за поврзување со мобилен телефон и апликацијата на производителот. Сите податоци поврзани со возењето и динамиката, како и позицијата на мотоциклот и блиските полначници се отчитуваат на екранот. Апликацијата, која може да ја следат сите на својот паметен телефон, ќе биде бесплатна за првата година од употреба. Откако сопственикот ќе се „навлече“, ќе мора нешто и да плати.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1FBdX9afl-wJNhQqy-QJVU4IHH1HsYyBl” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Почетната цена на LiveWire е 29.799 долари. Првите испораки до американските купувачи се очекуваат на есен.

https://youtu.be/DRy9H_6qbtM