Иако Volkswagen детално го променил моделот, како надворешно, така и внатрешно, сепак „новиот“ Passat може да се опише повеќе како рестилизација отколку како сосема нов модел

Passat во САД е далеку од она што Passat претставува во Европа, па затоа и моделот е сосема поинаков. И покрај SUV трендот, во Volkswagen одлучиле да се пробаат со новата генерација, најмногу поради фактот што Ford и General Motors (GM) објавија повлекување од овој сегмент, па токму поради тоа, јасна е желбата на германскиот бренд да го пополни празниот простор со сопствен модел.

Во однос на претходникот, новиот американски Passat добил поголема решетка на ладилникот, малку поинаку обликувани браници и светлосни групи. Со пакетот на опрема R-Line, новите сопственици на Passat добиваат и алуминиумски фелни во две бои, а за атрактивниот изглед придонесува и малиот спојлер монтиран на рамката на капакот од багажниот простор.

Што се однесува до промените во салонот, во предниот дел нова е инструмент таблата, а нови се и отворите за вентилација. Отворите, односно отворот за воздух Volkswagen практично го пуштил по ширина на контролната табла, што е јасен одговор на критиките за претходниот модел односно употреба на пластика. Новиот Passat со себе ја донесува и последната генерација на инфо – забавен систем.

Што се однесува до моторизацијата, според сè, понудата ќе се состои од само една погонска единица. Станува збор за дволитарски турбо мотор со четири фиксни цилиндри кои развиваат 176 КС и 280 Nm вртежен момент спарен со 6-степен автоматски менувач кој моќта ја испорачува на предните тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1HnF2IZwsqjnyzislnHQtB8jJD3LrpQR2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]