Чешкиот производител објави нови фотографии од верзијата Scoutline на својот најмал кросовер

Škoda Kamiq Scoutline изгледа „посирово“ благодарение на црните рамки околу тркалата и сребрената заштита на долниот дел на предниот и задниот браник. Новата варијанта на чешкиот кросовер во Б-сегментот стандардно доаѓа на 17-инчни тркала, а опционално се дотапни и 18-инчни алу фелни..

Moделот се заснова на пакетот опрема Ambition, така што под капакот може да се најде кој било од вообичаените погони кои се нудат за овој модел.

На располагање се три бензински верзии, една дизел и G-TEC варијанта која како гориво освен бензин може да користи компримиран природен гас (CNG). Моторите испорачуваат помеѓу 66 kW (90 КС) и 110 kW (150 КС).

Понудата на боја за каросеријата брои 12 варијанти од кои 9 се металик.

Внатрешноста е опремена со седишта ThermoFlux и специјални украсни елементи. Воздушните отвори и украсите на инструмент таблатаимаат хромирана завршница, а облогите за ножните контроли се алуминиумски.

Предните седишта се прилагодливи по висина и имаат специјален тапацир изработен од прозирна ткаенина ThermoFlux и микрофибер, додека воланот, рачната сопирачка и рачката на менувачот се тапацирани со кожа.

Амбиенталното LED светло ја осветлува таблата со инструменти во бела или бакарна боја, додека централната конзола, преградите за складирање на вратите, рачките на вратите и просторот за нозе се осветлени во бело.

Продажбата на Škoda Kamiq Scoutline во Европа започнува во јули 2020 година, а цената сè уште не е објавена.