Ова е новиот Kia Ceed / ФОТО
Јужнокорејскиот производител Kia на светот му ја претстави новата генерација на својот hatcback Ceed, што ќе биде само прв чекор во проширеното семејство на овој популарен модел
Од претходната генерација на Ceed досега се продадени 640.000 единици, а Kia од третата генерација очекува уште поголем успех, па затоа освен модерен дизајн го променила и името до одреден степен, исфрлувајќи го апострофот од името на моделот.
Новиот Ceed е изграден врз К2 платформата поради што е за 20 mm поширок и за 23 mm понизок. Меќуосовинското растојание останало исто (2.650 mm), но затоа е зголемен багажниот простор на 400 литри, а наводно, има повеќе простор и во задниот дел.
Дизајнот е инспириран од моделот Stinger, а Kia не штедела ниту на безбедноста, па така тука се автоматски долги светла, систем за одржување на возилото во лентата на движење, предупредување за приближување кон возило напред, автоматско сопирање, контрола на мртвиот агол, систем за идентификација на пешаци и сопирање при наидување на препрека при возење наназад.
Што се однесува до салонскиот дел, во основната понуда ќе биде 5-инчен мултимедијален екран на допир, а опционално се достапни и екрани од 7 и 8 инчи. Иако внатрешноста изгледа како неодамна претставениот седан, внатрешноста на овој модел во многу нешта е уникатна.
Купувачите на располагање ќе имаат избор од широк спектар на погонски агрегати. Тука се унапредениот 1-литарски турбо бензинец од 120 КС и новиот 1.4-литарски 140 КС.
Новитет е 1.6-литарски дизел во две варијанти, со 115 и 136 КС, а сите мотори стандардно ќе бидат спарени со 6-степен мануелен менувач.
Најмоќниот бензински и дизел агрегат опционално ќе имаат можност за 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.
Новиот Kia Ceed официјално ќе биде претставен пред јавноста за неколку недели на Саемот во Женева, а на пазарот се очекува да стигне во април. Kia сеуште не ја дефинирала цената, но би требало да биде некаде околу 17.000 евра.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”13Q1LgOlYCJ6hqL0Cgbju8nqRiMyLTYhw” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Kia планира неколку модели врз основа на новиот Ceed, а клучниот треба да биде новиот компактен SUV како конкурент на новиот Volkswagen Т-Roc.
Во моделната гама на компанијата треба да биде под Kia Sportage, а според најавите ќе го видиме некаде кон средината на следната година.