Користен Ferrari Enzo е продаден за рекордна сума на пари на онлајн аукција

Станува збор за автомобил кој е направен во само 400 примероци, а за тоа колку е добро сочуван говори фактот дека има поминато само 2.000 километри и изгледа како нов, иако е стар 17 години.

Моделот Ferrari Enzo и за денешни стандарди е исклучително брз автомобил, достигнувајќи брзина од 0 до 100 km/h за нешто повеќе од три секунди, додека неговата максимална брзина е 350 km/h.

Погонски агрегат е 6.0-литарски V12 мотор кој произведува 651 КС и 485 Nm вртежен момент, а моќноста до задните тркала се пренесува преку 6-степен мануелен менувач.

Овој Ferrari Enzo модел на интернет аукција организирана од страна на RMSothebys во месец мај е продаден за 2,64 милиони долари со што стана најскап на сите времиња. На второто место е уште едно Ferrari 288 GTO по цена од 2,3 милиони долари.