Ова е најоткаченото BMW кое некогаш сте го виделе! / ФОТО
Дизајнерска визија за новиот М4. И тоа каква!
Уште од премиерата на новите BMW M3 и M4, нивниот изглед – поточно невообичаено големата решетка – предизвикува постојани полемики. Некои критичари отидоа дотаму што велат дека таквото „лице“ може да одговара за таканаречените monster truck, но не е соодветно за спортски автомобил. Се прашуваме што би рекле овие критичари кога ќе го видат овој апсолутно откачен тјунинг проект од исклучително популарниот графички дизајнер BradBuilds.
Уметникот го замислил спортскиот автомобил на најнеочекуваниот можен начин – нешто како теренски кампер.
Според авторот, овој M4 Overlander Concept е подготвен за секој тест и на неговиот сопственик ќе му обезбеди пристоен комфор во каква и „пустелија“ да се најде, бидејќи задните седишта и багажникот се заменети со мини кампер со кревет, кујна и два панели за соларна енергија. Сепак, BradBuilds сè уште не го покажал ентериерот.
Како и да е, и она што го гледаме е доволно да ви „падне вилицата“, а секако и доволно да го тргне вниманието од толку оспоруваната решетка на предницата.