Ова е најбрзиот SUV модел во светот
Со постигнати 382 km/h го имаме новиот брзински владетел во моментално најпопуларниот сегмент
„Јапонец замени Јапонец“. Новиот најбрз SUV во светот е Nissan Qashqai-R.
Станува збор за специјално тјунирана верзија на Qashqai. Тјунираната верзија располага со има 2.000 КС кои доаѓаат од агрегат од GT-R, а максималната брзина која ја достигнува е 382,7 km/h.
Моделот е креација на британската тјунинг компанија Severn Valley Motrosport (SVM), а претходниот рекордер беше Toyotа Land Cruiser (370 km/h).
На приватна патека долга долга 3,2 km, тјунираниот Qashqai со постигнатата брзина ги надминал дури и суперавтомобилите Koenigsegg Agerа RS (356,1 km/h) и Koenigsegg One: 1 (351,3 km/h).
Како потсетување, најмоќната фабричка верзија на QQ е 1.6i DIG-T со 163 КС и 240 Nm.