Volkswagen на престојниот автомобилски саем во Пекинг ќе претстави главно возила за кинескиот пазар, но и новиот Touareg, како и I.D. Vizzion Concept

I.D. Vizzion Concept е визијата на Volkswagen за електрични возила на иднината со петто ниво на автономно возење што претставува апсолутната самостојност на возилото.

За оние кои не знаат, лимузината на иднината нема систем за контрола, педали или стандардна контролна табла.

Иако петтото ниво на автономија наскоро нема да биде достапно, останатата технологија ќе се најде во финалниот производ кој на пазарот треба да се најде во наредните две до три години.

VW I.D. Vizzion Concept има два мотори со моќност од 150 КС, од 0-100 km/h забрзува за 6,3 секунди со максимална брзина од 180 km/h.

Од VW велат дека максималниот опсег на I.D. Vizzion Concept со едно полнење ќе изнесува 665 километри.