Во Ford се уште таинствени дали ќе работат на целосно електрична верзија на Mustang

Ако има такво нешто, тоа сигурно ќе биде голем преседан. Имено, Ford минатата година потврди дека работи на иднината на Mustang, а со тоа гледаат и на електрификација. За сега, според информации од американските медиуми, Ford се уште размислуваат дали електричен Mustang e вистинското решение, а меѓу другото, се разнускува и за употреба на варијанта на интегрален погон кој би користел мотор со внатрешно согорување.

Ford веќе подготвува електричен SUV кој во себе ќе ги носи „корените на Mustang“. Така барем го опиша претстојниот модел еден од првите луѓе на Ford, Џим Фарли. Електричниот SUV ќе го носи името Mach 1 и во продажба треба да влезе во 2020 година.

Ако воопшто дојде до електричен Mustang, тогаш дефинитивно на пазарот би дошол по 2020 година. Новата генерација на Mustang на пазарот треба да се појави во 2021 или 2022 година, па затоа е сосема можно притоа да биде претставена и електрична верзија.

Во меѓувреме, следната година ќе пристигнува Shelby GT500 кој под хаубата ќе има 5.2-литарски V8 мотор со компресор и најмалку 700 КС.