И додека внатрешноста на новото Clio има голем технолошки напредок, надворешноста нуди поеволутивни промени

Во Renault по примерот на VW Polo, одлучиле да не го менуваат визуелниот потпис на својот бестселер, но разликите се токму онолку колку што е потребно да ги заинтригираат фановите на Renault, пред сe поради помодерниот, а и „поскап“ изглед.

Новината во понудата е R.S. Line нивото на опрема, кое ќе го замени постоечкото GT ниво на опрема и визуелно автомобилот ќе го приближи до верзијата Renault Sport. Се разбира, на врвот од листата е Initiale Paris нивото на опрема.

Интересно, новото Clio, за разлика од трендовите, за задржало на исто ниво, габаритно гледано. Всушност новото Clioe e пократко, односно од сегашните 4048 mm одземени се 14 mm, а и пониско – 30 mm пониско или вкупно 1440 mm. Паметниот дизајн и 66 mm поголемата ширина, сигурно ќе се почувствува во понудата на простор во салонот, исто како и багажниот простор кој се зголемил од околу 300 на 391 литри.

Сеуште нема информации за моторите. Единствената технолошка иновација е инсталирањето на воздушниот дефлектор во предниот браник за да се оптимизира циркулацијата на воздухот и да се минимизира потрошувачката на гориво.

Со новата генерација, LED фаровите се дел од стандардната опрема.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1y5M4_igd4-U4u80Qt2Ovsn6wOeQLgQzp” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]