Ако не сте знаеле, веќе 45 години Volkswagen е повеќе од успешен производител на колбаси. Само минатата година, тие произвеле скоро седум милиони

Верувале или не, во базата на податоци на Volkswagen за резервни делови под шифра 199 398 500 А се крие еден од најпопуларните производи на компанијата за кој можеби и не сте ни слушнале дека доаѓа со логото на VW.

Оваа година се навршуваат 45 години откако VW прави свои колбаси. А се започнало во 1973 година, кога менаџментот на компанијата дошол до идеја за потребите на фабричката менза во Волфсбург да не ги купува колбасите од други, туку сами да ги произведуваат.

Така, колбасите за доручек и ручек добиле статус на оригинален резервен дел, па дури и своја шифра 199 398 500 А, како и другите резервни делови.

Во меѓувреме производот стана многу популарен и вон фабричката менза, па дилерите на автомобили почнале да им подаруваат на купувачите на возила и колбаси – најчесто пакување со по пет парчиња.

Колку е ова сериозен бизнис, покажува фактот дека минатата година, Volkswagen произвел 6,8 милиони парчиња колбаси.

За работниците кои не јадат месо, Volkswagen прави и вегетаријански колбаси од 2010 година. Во просек, секојдневно се прават околу 18.000 колбаси. Инаку, на вкусот влијание има и одредена количина на зачинот кари во секој колбас, поради кој се нарекуваат и VW currywurst. Рецептот секако е строго чувана тајна.