Отвориле луксузен ресторан во пустелија поради автомобилска промоција / ВИДЕО
За промоција на новиот модел на Блискиот исток, Bentley избрал навистина посебна локација и посебен начин
За на потенцијалните нови клиенти да им го престават новиот Continental GT, во Bentley одлучиле да ги однесат до врвот Јебл Јаис, на 1.934 метри надморска височина на највисоката планина во Обединетите Арапски Емирати. Но, не застанале тука и токму таму отвориле престижен ресторан чие мени е осмислено од еден од најдобрите светски готвачи (шефови), Колин Клаг.
„Работата со Bentley, британската икона, на таков иновативен проект, беше посебен предизвик мене. Во мојата кариера сум работел во многу кујни во многу земји низ целиот свет, но никогаш не сум послужил вечера во врвен ресторан на највисоката планина во Обединетите Арапски Емирати“, коментира Клаг за својот ангажман во промоцијата на Bentley.
Нема сомневање дека да се вечера во ваков ресторан е посебно искуство, кое, за жал, нема да може да се доживее, бидејќи ресторанот е затворен по само седум дена работа.