
Отворен „ѕвер“: Ова е новиот Ferrari 296 GTS Hybrid од 830 КС / ФОТО+ВИДЕО
Благодарение на покривот на склопување, автомобилот е потежок за 70 килограми во однос на тежината од 1.470 килограми на GTB, но на перформансите и не се загубило многу
Ferrari го претстави GTS со отворен покрив кој се придружува на постоечкото купе GTB во гамата на Италијанците. Споделувајќи ја истата основна алуминиумска шасија и 3.0-литарски V6 со хибриден погон од 830 КС како и моделот со фиксен покрив, GTS добил тврд покрив кој може да се повлече или затвори за 14 секунди при брзина до 45 km/h.
Со притискање на прекинувачот на конзолата, покривот се дели на два дела и се крие под капакот на моторот, додека стаклениот екран што се прилагодува по висина зад двете седишта помага да се минимизираат ударите. Цената на таа театралност е казна од 70 килограми повеќе во споредба со 1.470 килограми кај GTB, но на перформансите и не се загубило многу.
Ferrari сè уште го наведува истиот електричен опсег од 25 километри кога е во електричен режим, и иако спринтот од 0 до 200 km/h е подолг за 0,3 секунди кај кабриолетот, и GTS и GTB достигнуваат 100 km/h за истите 2,9 секунди. Моторот V6 со 8.500 вртежи во минута е преземен од GTB и развива 663 КС, на кои Ferrari додава 165 КС електрична моќ, за комбинирани 830 КС кои се пренесуваат само на задните тркала.
Надградбата насочена кон возачот носи поголема употреба на јаглеродни влакна, лесни панели на вратите кои ја намалуваат тежината за 8 килограми и воздушни крилца на предниот браник кои го зголемуваат потисокот за 10 килограми Ferrari вели дека Assetto Fiorano GTS развива 360 килограми потисок при 240 km/h.
Изборот на пакетот Assetto Fiorano е исто така единствениот официјален начин да се добие пакет со ленти напред-назад и „суперлепливи“ гуми Michelin Pilot Sport Cup2R.
Цената сè уште не е наведена, но се очекува да биде околу 30-40.000 долари повеќе од 296 GTB, кој чини 323.000 долари.