Новиот G90 изгледа импресивно и внатре и надвор. И без V8, погонот не разочарува

Genesis сè повеќе им „дише во врат“ на водечките модели од „германската тројка“ со претставување на новата верзија на G90. Пред две недели, Корејците покажаа слики од надворешноста на автомобилот, кој може да се пофали со повитка и поелегантна силуета во споредба со неговиот претходник. 

Сега дојде време целосно да се открие и внатрешноста, спецификациите за погонот и опремата. И мора да се признае дека може само да се восхитуваме. Genesis G90 е збогатен со кожа, дрво, алуминиум и јаглеродни влакна и е дизајниран да ги воодушеви и оние кои сакаат да го возат, исто колку и оние кои сакаат да се возат во него. Како што претходно беше најавено, G90 ќе биде достапен и во верзија со 19 cm подолго меѓуоскино растојание.

Тука е и системот за забава за вториот ред со екрани од 10,2 инчи, посебен таблет за управување со завесите, масажа, клима, мултимедија и амбиентално осветлување. Покрај тоа, внатрешноста е покриена со облога за да се спречи развој на бактерии и микроорганизми. Активниот систем за намалување на бучавата треба да ги одвои патниците од надворешниот свет.

Новиот G90 може да има двоен отвор на покривот за предните и задните редови – независно контролирани еден од друг. Ако сè уште не сте задоволни со луксузот, Genesis нуди три типа на автоматско пуштање на мириси во G90, а покрај тоа, возачот може да активира еден од четирите режими, кои со помош на Bang & Olufsen аудио системот со 23 звучници, масажа (и на предните седишта), гореспоменатите мириси и осветлувањето ги доведуваат патниците во вистинското расположение.

Задната врата, од друга страна, може да се затвори електрично со помош на копче на предната или задната конзола. Покрај масажата, предните седишта ги пумпаат и страничните потпирачи при брзини над 130 km/h и во Sport режим, како и при влегување и излегување.

Заради удобност при возењето, Корејците користеле повеќекоморна воздушна суспензија (стандардна во продолжената верзија), која може да открие неправилности на 100 m пред автомобилот и да ја подготви шасијата, подигајќи ја за 10 mm. На нерамни патишта, суспензијата може да се подигне за 25 mm.

За подобро управување, G90 има управувана задна оска (стандард кај долгата верзија). Интересно решение е методот на сопирање „Chauffeur“ кој му овозможува на возачот да сопира со избирање на една од трите поставки со соодветна сила што не го попречува комфорот на патниците.

Најновите решенија се надополнети со, меѓу другото, обемен head-up дисплеј, бројни асистенти за возење, ажурирање на системот и мултимедијата преку „облак“, можност за споделување автомобилот преку паметен телефон, контрола на некои функции од ниво на апликација и можност за користење на автомобилот без клуч, ако отпечатокот претходно е внесен во системот.

За разлика од неговиот претходник, новиот G90 повеќе не работи со голем V8 мотор. Наместо тоа, под хаубата се наоѓа 3.5-литарски V6 со двоен компресор кој генерира 380 КС и 530 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува преку 8-брзински автоматски менувач на задните или на сите тркала. Малку поинаков погон може да се најде во продолжената верзија. Овде ќе биде достапен само погон на 4 тркала, а „срцето“ исто така е 3.5-литарски V6 мотор, но опремен со компресор на електричен погон, кој овозможува побрзо постигнување на максималните перформанси.

[useyourdrive dir=”1xGUKnmAUNdKUKFISOLJm_rCeJFDbAyfa” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот Genesis G90 првично ќе биде достапен во Јужна Кореја, но автомобилот во блиска иднина треба да се појави и на други пазари, вклучувајќи ги и САД па и Европа.