Освежување за Lexus RX (2020)
Дизајнерските промени вклучуваат употреба на потенки предни светлосни групи со функција за самоприлагодување на светлосниот сноп кој според производителот, треба да функционира значително побрзо од сегашниот систем, и за кој јапонците тврдат дека е прв таков во светот
Малку се изменети линиите на моделот, а дизјнерска промена претрпеле и двата браника.
Нови се и фелните од лесна легура со ширина од 18 и 20 инчи, а како такви се достапни за целиот опсег на RX / LX модели, додека задните светлосни групи го имаат „L“ мотивот како јасна алузија на јапонскиот бренд.
Со освежувањето доаѓаат и нови модернизирани стандардни технолошки решенија: асистеницја во одржување на сообраќајната лента, препознавање на сообраќајни знаци, а како дел од најновиот Lexus Safety System пакет.
Новиот инфо-забавен систем користи ажуриран екран на допир кој за прв пат во историјата на Lexus овозможува користење на Apple CarPlay и Android Auto на поединечни пазари.
Во однос на останатите технолошки решенија, од Lexus ја нагласуваат употребата на нови амортизери кои ќе ги неутрализираат високофреквентните вибрации генерирани од несовршен пат, со истовремено поддршка на ригидноста на каросеријата. Зголемена е употребата и на исклучително силно лепило за ојачување на конструкцијата на возилото.
Како и пред рестилизацијата, овој Lexus е достапен во верзија за пет патници (RX), додека варијантите кои можат да се сместат и седум лица, во системот за обележување се побогати за уште една буква „L“. Покрај овие две верзии, на пазарот за прв пат ќе се најде и верзија за транспорт на шест лица.
Погонската гама останува иста, а тоа значи 2-литарски турбо бензинец за верзијата RX300, додека помоќните единици се за RX350 (3.5 V6) и RX450h (3.5 V6 хибрид).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1GGSlKAbVd5-ohCCt6EuxNwioIRAOZc0K” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Информациите за цените и почетокот на испораките сеуште нема.