Пет години откако се произведува актуелната генерација, во Jaguar се решиле на рестилизација за XF за поголема конкурентност на пазарот

Автомобилот добил освежена каросерија, редизајниран ентериер и ажурирана палета на мотори кои користат благ хибриден систем.

Надворешноста на автомобилот е украсена со редизајнирана маска на ладилникот и нови фарови со LED дневни светла во форма на две стилизирани букви „Ј“. Дизајнерите на Jaguar исто така направија измени во изгледот на двата браници, а направени се и мали промени во стоп светлата.

Во патничката кабина, веднаш во очи паѓа сосема новиот 11,4-инчен HD екран од мултимедијалниот систем, кој се појавува за прв пат во еден Jaguar. Од компанијата велат дека екранот е многу поголем од претходниот, но и трипати посветол. Начинот на навигација низ менијата на екранот е исто така поедноставен, така што за возачот сега е многу полесно да дојде до посакуваните функции и поставки.

Мултимедијалниот систем е опремен стандардно со Apple CarPlay и Аndroid Auto функциите. Клиентите на располагање имаат и дигитална инструмент табла од 12,3 инчи, која може да се конфигурира на неколку начини, а има и главен екран за побезбедно и пофокусирано возење.

Кога станува збор за моторизација, V6-ката повеќе не се нуди. Наместо неа, на располагање се два 4-цилиндерски 2.0 турбо-бензинци – послаб со 250 КС и 365 Nm и помоќен со 300 КС и 400 Nm.

Двете верзии се спаруваат исклучиво со 8-степен автоматски менувач. Послабиот Jaguar XF 2.0 може да се нарача со погон на задните тркала или погон на сите тркала, а помоќниот е достапен само со погон на сите тркала. Тука е и 2.0 турбо-дизел единицата со 204 КС и 430 Nm, поврзан со 8-степен автоматик. Погонот на задните тркала е стандарден, а достапна е и опција за погон на сите четири тркала.

Моделот со дизел мотор е опремен со таканаречен „благ хибриден“ 48-волтен систем. Jaguar досега ја објави само цената на дизелот, кој во Германија започнува од 49.909 евра.

[useyourdrive dir=”17A4faWU8IOZxluqToYQ6cN7Djpubmotr” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]