Најмоќните ТТ модели претрпеле помали стилски модификации, и напред и позади, вклучувајќи поголеми отвори за воздух и ново, фиксирано крило на задниот спојлер

Рестилизираниот Audi TT RS сега стандардно е опремен со LED фарови, а клиентите ќе можат да избираат помеѓу осум надворешни бои, меѓу кои и новите Pulse Orange и Turbo Blue. Тука се и опционалните стилски пакувања со сјајни црни или мат-алуминиум детали.

Редизајнираниот TT RS опционално во понуда го има и мултимедијалниот систем MMI Navigation Plus со гласовни команди и Wi-Fi пристапна точка за мобилните уреди на возачот и патниците.

Паметен телефон со мултимедијалниот систем се врзува преку USB порта, а премиум опција е Bang & Olufsen аудио систем со 680 вати.

Погонскиот дел останал непроменет во споредба со моделот пред рестилизацијата, па така TT RS продолжува да се напојува од 5-цилиндерскиот 2.5-литарски TFSI турбо бензински мотор со 400 КС (294 kW) и 480 Nm. Моќта се на сите 4 тркала се префрла преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка и Quattro погон.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h e само 3,7 секунди, додека максималната брзина фабрички е ограничена на 250 km/h, со можност овој лимит да се подигне до 280 km/h.

Продажбата во Европа започнува на 7 февруари, а почетната цена на верзијата Coupe во Германија изнесува 67.700 евра, додека за Roadster верзијата потребно е да се издвојат 70.500 евра.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Првите испораки се планираат за пролет, а официјалната премиера ќе се одржи во март на Саемот за автомобили во Женева.

Loading...