Остварување на сонот: Слеп возач зад воланот на спортски автомобил на патеката Top Gear / ВИДЕО
Иако не ја освоил титулата најбрз слеп возач, овој Британец ќе ја запамети својата авантура за цел живот
Д-р Амит Пател видот го изгубил во 2013 година и оттогаш нема седнато зад воланот на автомобил. Благодарение на Toyota и храбар инструктор, оваа можност му е повторно дадена. Пател добил шанса да го провози спортскиот GT-86 на тест-патеката на Top Gear.
Целта била да извози круг за помалку од две минути, а конечно време било нереални 1:46 минути.
Погледнете го видеото во прилог.