„Се чувствувам прилично ризично. Мислам дека треба да се биде внимателен со вакви работи. Се чувствувате како да сте сами со Бог кога го возите ова“

Како ние, така веројатно и Вие, можеби нема многу прилики кога може да се каже дека имаме нешто заедничко со поранешниот Formula 1 шампион Нико Розберг. Сепак, се чини дека ова е еден таков момент, бидејќи возењето Ferrari F40 веројатно е сигурно некаде како на нашата, така и вашата листа на желби.

Розберг живее во Монако и во соседството на сопственик на саканото Ferrari F40. Тој има и биографија која би ве поттикнала да му го доверите вашиот F40. А тоа е секако возењето во Formula 1 шампионатот.

Како и да е, Нико Розберг, кој не само што е поранешен шампион во Formula 1, туку веќе и познат Јутјубер, ги добил клучевите на соседот од неговиот F40, по што возел низ ридовите околу Монако и успеал да го откине ретровизорот од рамката.

Горе некаде во ридовите, Розберг ја искористил шансата малку да притисне на педалата за гас, по што вели дека е зачуден од тоа колку е крут автомобилот. 

„Се чувствувам прилично ризично. Мислам дека треба да се биде внимателен со вакви работи. Се чувствувате како да сте сами со Бога кога го туркате ова“.

Погледнете го видеото во прилог: