Opel ја обнови својата колекција на облека, модни додатоци и играчки во пресрет на Божиќ. Колекцијата на Opel нуди очила за сонце, привезоци и шолји за кафе, капи и футроли за паметни телефони на љубителите на брендот

Во време на криза со недостиг на полупроводници, што го попречува производството во многу фабрики за автомобили, во Opel одлучиле да ги утешат своите пријатели со нова колекција на облека, модни додатоци и детска програма. Се разбира, не е случајно обожавателите на брендот да се привлечат кон неавтомобилски производи непосредно пред Божиќ, кога многумина се подготвени да ги отворат своите паричници за да си подарат нешто себеси и на своите најблиски. 

Облеката, практичните производи и додатоците се претежно во боите на Opel, односно жолта, бела и црна, а некои производи се достапни и во маслинесто зелени нијанси. Понудата е доста обемна – од торби за лаптоп до разни јакни и бејзбол капи во стилот на новата Mokka до ветровки со логото Opel Rally. За љубителите на модели на автомобили, тука е календарот чии 24 делови се спојуваат во Manta на Бадник во размер 1:43. Нарачките се вршат онлајн во новата lifestyle продавница на Opel (www.opel-collection.com).

Колекцијата на Opel нуди i очила за сонце, привезоци и шолји за кафе, капи и футроли за паметни телефони на љубителите на брендот. Ниту најмалите не се во неповолна положба, меѓу другото, возрасните можат да им купат детски автомобил за возење, велосипед или плишано мече. Дополнително, интересното кај онлајн продавницата на Opel е што купените производи се испраќаат бесплатно во многу земји.