Британската компанија за истражување на пазарот Compare the Market направила интересна студија во која се обидела да документира кои земји се најудобни и најтешки за возење со автомобил. Врз основа на спроведените процедури, островјаните направиле ранг листа со која е утврдена позицијата на 25 земји, според прокламирани критериуми

Предмет на интерес и проценка биле следните категории: степенот на развиеност на патната инфраструктура, стапката на смртност на патиштата, како и висината на трошоците поврзани со поседување автомобил. Со споредување на сите разгледани параметри, експертите дошле до заклучок дека најдобро да се биде возач е во Данска, Америка и Холандија, додека на спротивната страна или пекол за возачите е Руската Федерација, уште полош од оној во Бразил.

За да дојдат до релевантни заклучоци, истражувачите го споредиле соодносот помеѓу годишните трошоци за поседување автомобил и приходот на возач, застојот на сообраќајните текови во земјата, како и квалитетот на патната мрежа со зачестеноста на смртните случаи во патниот сообраќај.

Иако вниманието на читателот, речиси секогаш во вакви ситуации, е насочено на врвот и на дното на листата, најголемо изненадување е релативно извонредниот пласман на Турција, каде гужвите се од незамисливи размери, а возачите се целосно несовесни во сообраќајот (рака на срце, оваа констатација се однесува пред се на Истамбул, што не мора да биде репрезентативен за целата земја).

Русите на оваа листа се покажале како „ненадмината антисила“, речиси по сите параметри. Нивните патишта се најлоши, стапката на смртност во сообраќајот е екстремно висока, додека сообраќајниот метеж е најголем регистриран од сите земји на листата.

Бразил е полош од Русија, но само во категоријата смртни случаи поврзани со сообраќајот, а не се прославил ниту Мексико. Сепак, и такво Мексико има подобри патишта од Русија.

Згора на се, во средината на јануари, холандската компанија TomTom, инаку позната како бренд од светот на навигациските уреди и мапи, ја прогласи Москва за град со најголем сообраќаен хаос во светот, според сообраќајните настани. Неславната титула е заработена во конкуренција на 416 градови од 57 земји.

sunwin club sunwin.apk mới nhất sunwin apk

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin web sunwin club

sunwin