Opel на Риселсхајм му подарува 1.300 станици за полнење на електрични возила
Opel својот матичен град планира да го претвори во најголем центар за електрични автомобили во Германија
Откако стана дел од групацијата PSA, Opel забрзано работи на развој на сопствени електрични модели, а планот на градот Риселсхајм да му се подари волку голем број на станици за полнење е со цел претворање на овој град во огромен практичен тест полигон за електрични автомобили.
Оваа голема инвестиција германската марка ќе ја спроведе со поддршка на Сојузното министерство за економија кое за овој проект ќе одвои 12,8 милиони евра. Opel ќе постави 1.300 станици за полнење на електрични возила ширум градот Риселсхајм, а со тоа овој град ќе стане населба со најдобар сооднос – јавни полначи и население, во Европската унија. Поточно, за секои 72 жители ќе има по една станица за полнење што е далеку повеќе од сега водечкиот германски град по прашање на електромобилност – Хамбург, кој има јавни полначи со секој 13.042 жители.
Полначите ќе бодат поставени на голем број на локации, што на сопствено земјиште, што на градските паркинзи, потоа супермаркети, трговски центри, итн …
Под раководство на PSA, Opel значително го забрза процесот на електрификација. Во текот на 2020 година, германската марка ќе воведе целосно електрична верзија на Corsa, и plug-in хибрид верзија на кросоверот Grandland X. Во следните две години Opel ќе се претстави и електрична изведба на моделот Mokka Х.