Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Женева и беше пренесувана во живо на веб страната на Geneva International Motor Show, чиј тим ја организираше церемонијата десетта година по ред.

Жирито од 59 членови, составено од автомобилски новинари од 22 земји, го избра победникот помеѓу седум модели кои се пласираа во финалниот круг. Со трофејот за „The Car of the Year 2021“, Toyota Yaris ја добива најпрестижната и најпосакувана награда во автомобилскиот свет, која се доделува од 1964 година.

„Навистина вреден победник во овогодинешниот избор“, изјави претседателот на жирито Френк Јансен.

„Ова е голема чест за Toyota и би сакал да му се заблагодарам на жирито за вниманието и признанието. Исто така, би сакал да ја искористам оваа можност да ја препознаам страста на нашите развојни тимови во Европа и Јапонија. Ова е најдобриот Yaris досега, кој каква што беше намерата на Акио Тојода, веќе носи насмевка на лицето на нашите клиенти“, изјави Мет Харисон, извршен потпретседател на Toyota Motor Europe

Оваа година изборот се одвиваше под посебни услови. Наместо вообичаениот ивент за отворање на новинарските денови на Меѓународниот саем за автомобили во Женева (GIMS), церемонијата се емитуваше во живо на Интернет, како што беше и минатата 2020 година. 

Во продолжение бројот на гласови кој ги добил секој од финалистите:

  • Toyota Yaris: 266 поени
  • Fiat New 500: 240 поени
  • Cupra Formentor: 239 поени
  • Volkswagen ID.3 .: 224 поени
  • Škoda Octavia: 199 поени
  • Land Rover Defender: 164 поени
  • Citroën C4: 143 поени

Toyota досега трипати ја има добиено титулата Европски автомобил на годината. Првата генерација на Yaris победи во 2000. година, Prius имаше најмногу гласови во 2005 година, за сега Yaris повторно да го понесе престижниот трофеј.