Истражувачи од Imperial College во Лондон дизајнирале уникатна закривена бариера која може да ги заштити луѓето од штетните ефекти на загадувањето на воздухот од сообраќајот

Со оглед на тоа што загадувањето на воздухот станува сè поопасен глобален здравствен предизвик, научниците постојано работат на иновации за решавање на овој проблем на 21 век. На Imperial College во Лондон, истражувачите користат техники за моделирање на протокот на воздух за да ги проучат ефектите на уникатните структури покрај патот и да ги одвратат честичките подалеку од пешаците. Здравствените проблеми што произлегуваат од понискиот квалитет на воздухот се позначајни кај заедниците со пониски примања, кои се со поголема веројатност да се наоѓаат во близина на фреквентните патишта. Слично на тоа, децата се и почувствителни и полесно се изложени на загадување на воздухот едноставно поради близината на тлото, каде што со текот на времето, се таложат и потешки загадувачи.

Тили Колинс, од Центарот за еколошка политика при Imperial College London, смета дека ова прашање е од особено значење.

„Си мислев, што можам да направам? И сега? Затоа, започнав да го истражувам влијанието на sидовите покрај пат“, вели д-р. Колинс. „Стана очигледно дека покрај пешачката страна до овие sидови покрај патот има вртлози во кои квалитетот на воздухот всушност може да биде уште полош бидејќи загадувачите остануваат заробени во нив“. 

Првично градејќи едноставни модели, др. Колинс, д-р. Хув Вудвард, исто така од Центарот за еколошка политика и Агамемнон Отеро од Energy Gardin, истражувале идеи за урбан дизајн кој ќе ги ублажи овие вртоглави ефекти и ќе го подобри квалитетот на воздухот за пешаците и особено децата. Инспирирани од аеродромските бариери и закривените звучни sидови покрај автопатите во Германија и Холандија, истражувачите откриле дека закривените структури поефикасно ќе ги распрснат и рефлектираат загадувањето назад кон патиштата и многу брзо ќе го подобрат квалитетот на воздухот на пешаците на прилично ефтин начин.

Покрај квалитетот на воздухот, овие криви бариери исто така ќе ја ублажат бучавата од возилата и може да дејствуваат како скеле за зголемување на зелената инфраструктура во големите градови. И покрај препреките, др. Колинс е оптимист во врска со иднината на проектот. Со зголемено внимание на предизвиците поврзани со загадувањето на воздухот, се јавува потреба од уникатен и ефективен урбанистички дизајн, и овие заоблени бариери се во можност да ги решат овие предизвици и да обезбедат огромни придобивки за пошироката јавност.

Kamen Rider Zero-One: Short Anime - Everyone's Daily Life Episode 5

Watch Youjo Shenki Episode 12

Grand Blue Dreaming Episode 12

AniWatch: Violet Evergarden I: Eternity and the Auto Memory Doll anime episode Full online free at https://aniwatch.pro watch anime free

Crokes: https://www.crokes.com/gogoanimelol/profile/

Gogoanimelol tumblr: https://gogoanimelol.tumblr.com/