Официјално стартуваше продажбата на Golf 8 во Македонија
Речиси една година по официјалното претставување на најновата, осма генерација на Volkswagen Golf во Македонија, сега официјално започнува и неговата продажба во земјата.
Најпродаваниот автомобил во Европа за 2020 година (312.000 примероци) и се разбира на германскиот пазар (133.900 примероци), со продажните бројки од првата полна година откако се продава јасно укажува на тоа дека новата генерација продолжува онаму каде што застанала претходната.
Погонските опции за новиот Golf вклучуваат бензински мотори ТЅI, дизел мотори TDI, електрично потпомогнати бензински мотори еТЅI mild hybrid u бивалентен бензински мотор предвиден за погон на природен гас TGI. Сите без исклучок со турбо полначи. Моќноста за сега се движи од 66 KW/90 КС до 110 KW/150 КС. Кај еТЅI mild hybrid моторите освен електричната поддршка за дополнително намалување на емисиите помага и примената на Miller-oвиoт циклус на согорување. TDI моторите воведуваат технологија за двојно дозирање на AdBlue co помош на два SCR катализатори и постигнуваат намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80%, со истовремено намалување на потрошувачката и до 17% во споредба со TDI моторите од претходната генерација. Нешто покасно за годинава се најавени и plug-in хибридната варијанта, како и новите GTI, GTD, GTE и Golf R.’
Дигитализираната внатрешност овозможува нова димензија на интуитивна употреба на возилото. Системите за помош на возачот функционираат до брзина од 210 km/h. Golf 8 e првиот Volkswagen кој користи информации од сообраќајот преку Car2X, што значи дека може да предупредува на опасности уште пред да им се приближите.
Volkswagen Golf стандардно доаѓа со екран на допир за инфо-забавниот систен со дијагонала од 8.25 инчи, а со доплата ќе може да се добие и поголем од 10-инчи (таканаречен Innovision Cockpit). Веќе на базно ниво Golf пристигнува со Start & Stop систем, дигитален инструмент кластер, автоматски светла, автоматски брисачи… Можности и опции многу, за кои што информации, исто како и за цените, можете да добите на лице место во салонот на Volkswagen во Скопје и секако на официјалната веб страна на производителот за Македонија.