Официјално претставен Hyundai Tucson N Line / ВИДЕО
Hyundai продолжува да ја проширува палетата на модели со опционалниот пакет N Line, што е потврдено со веста дека новата генерација на SUV моделот Tucson добил и таква верзија.
Tucson N Line се одликува со модифициран преден дел со доработена решетка, модифицирани браници, заден дифузер, заден кровен спојлер, црни рамки на стаклата, поголеми алуминиумски тркала, нови издувни цевки, како и црна внатрешност, црвени контрастни шевови, спортски волан и нови педали.
Вкупно се нудат седум бои на екстериерот, вклучително и две двобојни комбинации. Гамата вклучува таканаречени милд-хибридни бензински мотори со 150 КС и 180 КС, дизел со 150 КС, како и хибрид со 230 КС и plug-in хибрид со 265 КС.
Инженерите, како што велат од компанијата, успеале да ги намалат вибрациите и да обезбедат „поголема агилност“, така што Tucson N Line во „нормален режим“ треба да биде подеднакво удобен како и стандардниот Tucson, но исто така да понуди и поинакво искуство со активирање на „спортскиот режим“.
Продажбата на Tucson N Line во Европа ќе започне оваа пролет.