Оваа недела се навршуваат точно 40 години откако првиот DeLorean DMC-12 е симнат од фабричките ленти во Северна Ирска

Иако целиот проект функционираше само три години (од 1981 до 1983 година) и го најде патот до само 8.583 сопственици во тој период, американскиот производител остави длабока трага во автомобилскиот свет од повеќе причини… футуристичкиот дизајн, појавата во филмската франшиза „Враќање во иднината“ (Back to the Future)…

Оригиналниот DeLorean банкротираше пред скоро четири децении, но во 1995 година, компанија од американската држава Тексас го купи правото на името, дизајнот, техничките детали, резервните делови и машините. Новата компанија сè уште се вика DeLorean и последните 25 години се занимава со реставрација и поправка на оригинални модели.

Сега се чини дека Американците пронашле и партнер во форма на познатата италијанска дизајнерска куќа ItalDesign, која на својот Twitter профил ја објави веста дека модерниот DeLorean наскоро ќе влезе со сериско производство.

Во оптек е само една темна фотографија што сугерира дека новината повторно ќе ги има таканаречените „галеб“ врати.

Иако дизајнот сигурно нема да се промени премногу, модерниот DeLorean сигурно ќе биде на селектрична енергија., во склад со трендовите. Оригиналниот DMC-12 беше придвижуван од 6-цилиндерски бензински мотор со само 130 коњски сили, што дури и според стандардите на осумдесеттите години се чини како премногу слаб.

Во Америка неодамна беше усвоено правило кое овозможува производство на современи креации на туѓи класици, секако под лиценца, така што нема да биде изненадување ако ItalDesign го преземе целиот бизнис додека Американците се фокусираат на зачувување на оригиналот. Во тој случај, годишното производство не смее да надмине 325 единици.