Помодерен изглед со контроверзната масивна предна решетка, попространа и модерна внатрешност, со поголема функционалност… тоа е редизајнираната BMW Серија 2 Active Tourer

Автомобилот базиран на платформата FAAR со погон на предните тркала, стандардно ќе доаѓа со 16 и 17 инчни тркала, а опционално може да се добијат и 19 инчни. Кога сме веќе кај опциите, ќе има и варијанти Luxury Line и M Sport, при што втората лесно се разликува по поагресивната предница.

Внатрешноста се карактеризира со материјали со повисок квалитет и помодерен дизајн. Ѕвезда на шоуто е новиот BMW Curved Display, кој е „ехо“ на оној што се наоѓа во електричниот iX.

Се состои од дигитална група на инструменти од 10,25 инчи и инфозабавен систем од 10,7 инчи со стандардна GPS навигација, како и подобрена Android Auto и Apple CarPlay интеграција. Инфозабавниот систем работи со оперативниот систем BMW 8 и има интелигентен личен асистент, како и 5G конекција.

Должината на возилото е 4.386 mm, ширина 1.824 mm, висина 1.576 mm, меѓуоскиното растојание е 2.670 mm, додека растојанието од земјата е 171 mm. Тежината се движи од 1.545 до 1.620 кг, а што се однесува до багажникот, неговиот волумен е зголемен за 90 литри и сега изнесува 470 литри или 1.455 литри со преклопени задни седишта.

Опсегот на мотори започнува со 218i (1.5-литарски 3-цилиндерски турбо) со 136 КС и 230 Nm (0-100 km/h за 9 секунди / максимална брзина 214 km/h). Следи сличниот 220i со 156 КС и 240 Nm (0-100 km/h за 8,1 секунди / максимална брзина 221 km/h). Тука е и 223i (2.0-литарски 4-цилиндерски турбо) со 204 КС и 320 Nm (0-100 km/h за 7,0 секунди / максимална брзина 241 km/h), како и дизелот 218d (2.0-литарски турбо дизел) со 150 КС и 360 Nm (0-100 km/h за 7,7 секунди / максимална брзина 220 km/h). Бензинците се со 48-волтен благ хибриден систем, а сите мотори се спарени со нов 7-степен менувач со двојна спојка.

Подоцна во понудата ќе влезе и BMW 230e xDrive Active Tourer со plug-in хибриден погон и вкупно 240 kW / 326 КС, како и BMW 225e xDrive Active Tourer со 180 kW / 245 КС.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1DnZm1VjA77wMdhzW9lU_DAstL_njAqTx” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цените во Германија започнуваат од 34.750 евра, а тоа е цена за основната бензинска верзија 218i.