Иако не се толку вредни како браќата со воздушно ладење со мотори во задниот дел, овие 928-ци се многу посакувани класици

Porsche 928 е автомобил кој се обиде да го замени култниот 911, но никогаш не успеа. Поради тоа, колекционерите го запоставуваа со години, но денес е пожелна класика. Иако не се толку вредни како браќата со воздушно ладење со мотори во задниот дел, овие 928-ци се многу посакувани класици

Напуштени, на поле во Калифорнија, ги забележал Стив Родс додека барал добра локација за снимање на телевизиската серија „Западен свет“ (West World). Полето се наоѓа во близина на стар каменолом северно од Мурпарк во округот Вентура.

Во објавата на Facebook, Стив вели: 

„Еден од пријателите на сопственикот на земјиштето го замолил да складира неколку автомобили. И никогаш не се вратил по нив“. 

На фотографиите се прикажани 13 Porsche 928, од раните 4.5-литарски модели без задно крило до доцните 5.0-литарски С4 со поелегантни браници. Судејќи според количината на прашина и излупен лак нив, тие се таму долго време.

Фактот дека 928 користи шасија од поцинкуван челик и алуминиумски плочи значи дека најверојатно нема да имаат ‘рѓа. Сепак, „Ахиловата пета“ е нивната електроника, така што овие примероци би можеле да донесат многу проблеми за нивните следни сопственици.

„Момчето кое ги поседува живее во близина, но се чини дека го загубил интересот да ги поправи. Сепак, ми рече дека не сака да ги продаде“, вели Стив. „Не постои начин да се стигне до имотот и да се земат автомобилите. Има само еден влез, а вратата е огромна. На вратата има и видео камери“.

Можеби сопственикот сепак ќе се премисли …