Официјално: Новата BMW Серија 1 / МЕГА ГАЛЕРИЈА
За прв пат, Серија 1 доаѓа на платформа со погон на предните тркала
Освен новата платформа, новата Серија 1, донесува и дизајнерски промени, како на надворешноста, така и во внатрешноста.
Дизајн
Надворешно гледано, сосема очекувано, новата Серија 1 ја присвоила масивната предна маска од другите модели на производителот во форма на традиционални „бубрези“ кои сега се спојуваат во средината.
Предните фарови имаат „поостра“ форма, а само со доплата се добива комплетно LED систем.
Во зависност од пакетот опрема, постојат и неколку различни дизајни на предниот браник, каде што најспортскиот е наменет за верзијата M135i, која ќе биде врв на понудата и доаѓа исклучиво со погон на сите четири тркала xDrive.
Дизајнерките интервенции го зафатиле и задниот дел кој изгледа навистина одлично главно благодарение на тенките стоп светла кои се протегаат по должина на гепекот и продонесуваат автомобилот визуелно да изгледа пошироко.
Интересно но наместо трендовски димензиите да растат, новата „единица“ е намалена. Моделот е пократок за 5 mm (4.319 mm), што влијаело и на меѓуоскиното растојание кое е намалено за 20 mm или 2.670 mm. Не е се намалено. Новата „единица“ е поширока за 34 mm или 1.799 mm, а и повисока за 13 mm или 1.434 mm.
Иако пократка, новата Серија 1 сега е попространа од претходната генерација.
Патниците на задната клупа имаат дополнителни 33 mm за колената, 19 mm за главата и 13 mm за лактите.
Капацитетот на багажниот простор е зголемен на 380 литри, а со спуштени задни седишта до 1200 литри.
Што се однесува до ентериерот, контролната табла е иста како и кај другите нови модели на BMW, а како стандарден доаѓа 8,8 инчен мултимедијален екран на допир со можност за гласовна контрола. Во повисоките пакети на опрема на располагање се 10,25 инчен екран и целосно дигитален контролен панел.
Моторизација
BMW со новата Серија 1 ќе понуди два бензински и три дизел мотори.
Влезната варијанта е 118i со 1.5-литарска единица со три цилиндри и излезна моќност од 140 КС и 220 Nm, која на предната оска е пренесува на преку 6-степен мануелен менувач или опционално седум-брзински автоматок.
Вториот бензинец е најмоќниот M135i xDrive со 2.0-литарска единица. Овој агрегат развива 306 КС и 450 Nm, а моќта на двете оски се пренесува преку осум-брзински автоматски менувач. M135i xDrive од место до 100 km/h според фабричките податоци стигнува за 4,8 секунди со максимална брзина електронски ограничена на 250 km/h.
Ако се љубител на дизелите, изборот е нешто поголем.
Влезната варијанта е 116d со 1.5-литарска единица со 3-цилиндри и 115 КС со 270 Nm. Следи 118d со 2.0-литарска единица со 4-цилиндри и моќност од 150 КС и 350 Nm, додека на врвот од понудата е 120d xDrive со 190 КС и 400 Nm.
За разлика од првите два дизел-мотори, каде што можете да бирате помеѓу мануелен и автоматски менувач, третиот-најмоќниот, доаѓа исклучиво со автоматик со осум брзини и погон на сите тркала.
Емисии на CO2 и потрошувачка
BMW 118i
комбинирана потрошувачка: 5.7 – 5.0 l/100 km
емисија на CO2: 129 – 114 g/km
BMW M135i xDrive
комбинирана потрошувачка: 7.1 – 6.8 l/100 km
емисија на CO2: 162 – 155 g/km
BMW 116d
комбинирана потрошувачка: 4.2 – 3.8 l/100 km
емисија на CO2: 110 – 100 g/km
BMW 118d
комбинирана потрошувачка: 4.4 – 4.1 l/100 km
емисија на CO2: 116 – 108 g/km
BMW 120d xDrive
комбинирана потрошувачка: 4.7 – 4.5 l/100 km
емисија на CO2: 124 – 117 g/m
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1i9OhZKsjjOIKg-Bxuh4IQsztaMhAG5uu” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Првите испораки се очекуваат до крајот на годината.