Повлекувањето ќе следи по завршувањето на F1 шампионатот следната сезона

По повлекувањето на крајот од 2008 година, јапонскиот производител се врати во Formula 1 во 2015 година, преку ексклузивен договор со McLaren. Периодот со британскиот тим беше исклучително тежок и двете страни се разделија, по што следеше ново партнерство. Од 2018 година Honda со мотори ги снабдува болидите на Toro Rosso (AlphaTauri) од 2018 година, а од минатата сезона и болидите на Red Bull.

Соработката помеѓу Red Bull и Honda вроди со плод уште во првата сезона, кога Верстапен забележа три победи и заврши на третото место во генералниот пласман за возачи.

По ваквата успешна сезона, Red Bull се понадева и на напад на титулата во 2020 година. Сепак, надежите на Red Bull брзо беа уништени. Од многу сигурен мотор во 2019 година, моторот на Honda стана најнесигурен во 2020. На досегашните десет трки, Red Bull и Alpha Tauri остварија само по една победа.

По денешното соопштение на Honda, големото прашање што се поставува е што понатаму, за Red Bull се разбира. Многу е малку веројатно дека Mercedes ќе ги отстапи своите мотори на Red Bull и со тоа ќе ја загрози својата доминантна позиција во шампионатот. Ferrari е втора опција, но моторот на италијанскиот производител е моментално најслаб на гридот. Исто така, италијанскиот тим најверојатно не би сакал да го отстапи својот мотор на австрискиот тим, имајќи предвид дека од новата погонска единица се очекуваат значителни подобрувања во перформансите од следната сезона.

Останува само Renault, со кого во 2018 година не се разделија на многу пријателски начин.

Сепак, дури и ако двете страни не се подготвени за соработка, Red Bull ќе биде принуден да има мотор на Renault, бидејќи францускиот производител од следната сезона ќе го снабдува само својот тим. Во случај тимот да остане без погонска единица, производителот кој снабдува најмалку тимови е должен да го отстапи својот агрегат.