Моделот BMW M5 е сам по себе еден од ретките автомобили кои предизвикуваат восхит само со својата појава, особено поради фактот дека поседува 592 коњски сили кои се испраќаат до сите четири тркала

Со новиот BMW M5 Competition сето ова оди скалило погоре.

Новиот M5 Competition под хаубата крие twin-turbo V8 погонски агрегат со зафатнина од 4,4 литри кој развива импресивни 617 коњски сили, што е 24 КС повеќе од стандардниот модел, но бројот на вртежи останал ист и изнесува 750 Nm.

Благодарение на екстра моќноста, M5 Competition од 0 до 100 km/h стигнува за 3,3 секунди, а од 0-200 km/h за 10,8 секунди, што е за една, и три десетинки подобро од стандардната верзија.

Како и M5, M5 Competition е опремен со 8-степен автоматски менувач преку кој моќноста се испраќа до сите тркала, а погонот работи во комбинација со активен М-диференцијал. Компанијата вели дека новиот M5 Competiton има уште подобар одговор на контролите на возачот и „моментален“ трансфер на моќ на тркалата.

Тука се и другите модификации. Инженерите на BMW ја подобриле шасијата и суспензијата, па сега автомобилот е поблизу до земјата за 7 милиметри. Пружините се покрути, а унапредени се и амортизерите, па од компанијата наведуваат дека во Sport Plus режим M5 Competition има многу динамично возење.

Бидејќи M5 Competition генерално е ориентиран кон перформанси, стилските промени се минимални. Всушност, единственото нешто што се сменето е дека решетката на ладилникот и капаците на ретровизорите сега се црни. Се разбира, тука се и Competition ознаките и нови алуминиумски фелни од 20 инчи, како и спортскиот издувен систем кој, како што велат од компанијата, прави автомобилот „буквално да режи“.

Возачите во салонот ќе најдат специјални безбедносни ремени и патосници со логото М5, а инструмент таблата покажува M5 Competition графика, при стартување на автомобилот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1jG1gmvkoJeMzO-IPtsowYktJq7hHowHz” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Производството на новиот BMW M5 Competition ќе започне од јули, а се очекува да биде околу 10.000 евра поскап од стандардниот M5 модел.