Новата Ford Fiesta Active донесува вистинско SUV и Fiesta возачко искуство / ФОТО

0

Ford објави нови фотографии од новата „крос“ верзија на моделот Fiesta воочи стартот на продажбата на овој автомобил на европскиот пазар

За првпат во својата 40-годишна историја, Fiesta ќе биде достапна и во крос-варијанта.

Споредено со другите верзии на овој модел, Fiesta Active има 18 mm повисоко тло и додатоци што се типични за овој тип на возило – елементи за заштита на долниот дел од каросеријата и браниците, како и кровни шини. Дополнително, верзијата Active е поширока за 10 mm на ниво на тркалата.

Направени се и одредени подобрувања во суспензијата. Предните амортизери се оптимизирани за полесно справување со нерамнините при возење надвор од асфалтирани патишта. Во споредба со стандардната Fiesta, моделот Active има поинаку сетирани управувачки систем и електронска контрола на стабилноста.

Возачот има три предефинирани режими на возење: Normal, Eco i Slippery (се користи во услови на слабо лежење на тркалата на подлогата, како што е снег и мраз на патот).

Автомобилот е опремен со 17-инчни алуминиумски тркала кои може да се нарачаат во две нијанси – Rough Metal и Absolute Black.

Внатрешноста има поатрактивен изглед благодарение на специјалните спортски седишта со уникатни навлаки и декоративни, контрастни детали во боја на каросеријата. Како и другите верзии на новата Fiesta (Titanium, ST-Line i Vignale), моделот Active исто така располага со најновиот систем SYNC3 со 8-инчен екран на допир кој нуди поврзување со паметни телефони.

Понудата на погонските единици вклучува 1.0 EcoBoost бензинец во варијанти со 85 КС, 100 КС, 125 КС и 140 КС, како 1.5 TDCi дизел мотор со 85 КС или 120 КС.

Сите мотори се стандардно спарени со 6-степен мануелен менувач, а моќта се пренесува на предните тркала.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »