Хиперавтомобилот на Mercedes уште две години нема да стигне до клиентите

Германскиот производител ја одложи испораката, наведувајќи дека проблемите се од чисто техничка природа.

„Не е лесно да се прилагоди мотор од Formula 1 за патнички автомобил. За тоа е потребно време“, велат од Mercedes.

Според германските медиуми, инженерите на Mercedes, наводно, ја „потцениле“ задачата пред која се нашле односно адаптација на 1.6-литарскиот V6.

Ако е тоа утеха, но и во нивна одбрана, од моментот кога Mercedes ja претстави концептната верзија, еколошките стандарди се многу построги.

Project One има два електрични мотори од 120 киловати на задната оска и два помали електрични мотори напред.

Овој хиперавтомобил од место до 200 km/h забрзува за шест секунди. Од Mercedes тврдат дека автомобилот само на струја може да измине 25 километри.

Она најважното сепак е дека поради тркачката природа на погонската единица, SUS моторот мора целосно да се преработи на секои 50.000 изминати километри.

Mercedes планира да произведе само 275 единици од моделот кој ќе има најмалку 1.000 КС. Цената на секој примерок е 2,5 милиони евра.