Во погонот во Оксфорд, британскиот производител MINI го произведе јубилејниот 10-милионити автомобил

Јубилејното издание е MINI 60 Years Edition, со кое воедно се одбележува и 60-годишнината на компанијата.

Моделот е офарбан во British Green боја, а тука се и црните линии преку хаубата, LED предните светла, 17-инчните двобојни алуминиумски фелни… Под хаубата се наоѓа 2.0-литарски турбо со 190 КС од Cooper S.

Јубилејното Mini e претставенo на специјалeн настан во Оксфорд, каде компанијата собрала 60 сопственици на 60 автомобили – секој од една година на производство.

Mini од 1994 година е во сопственост на германскиот премиум гигант BMW кој досега има инвестирано скоро 2,5 милијарди евра во британските производствени погони.

BMW го спаси Mini од гасење, а фабриката во Оксфорд, од производство на 300 единици на ден во 2001 година, во 2019 година има скор од 1.000 возила на ден. Од Mini тврдат дека од производните ленти нов модел се „ослободува“ на секои 67 секунди.