Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 27.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа година малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460% или за 6,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,480% или за 33,300 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% или за 28,850 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032% или за 0,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,5790 ден/$ и е за околу 0,176 % понизок од курсот на доларот (58,6825 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.