Од утре бензините поевтини, дизелот по иста цена
Со оваа Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,09%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 11.11.2019 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,344 ден/кг.
Новите цени се со важност од ноќеска на полноќ, односно 19.11.2019 година.