Во последната трка од овогодинешниот Светски шампионат во мотоциклизам, во најсилната класа, MotoGP, триумфираше Марк Маркез на Honda пред Французинот Фабио Квартарaрo на Yamaha и Австралиецот Џек Милер на Ducati

Легендарниот италијански ас Валентино Роси повторно разочара со освоеното само осмо место, а дури седум возачи трката ја завршија прерано со излетување, но за среќа без сериозни последици.

Асот на Repsol Honda, Маркез, кој веќе претходно ја имаше потврдено новата шампионска титула, осма по ред, победувајќи на трката на патеката Рикардо Тормо, каде што се одржа ГН на Валенсија, ги донесе и пресудните поени за Honda, за освојување на шампионатот на конструктори.

„Направивме одлична работа оваа сезона и им благодарам на сите во тимот“, изјави Маркез, за ​​кого ова беше 82. триумф во кариерата.

Во Валенсија, официјално збогум на тркањето му кажа Шпанецот Хорхе Лоренцо, возач на Honda. Лоренцо во својата кариера пет пати беше светски првак, но повредите кои веќе долго време го мачат, се чини се пресудни за ваквата одлука.

Резултати:

Светскиот шампионат во 2020 година, ќе има 20. трки, една повеќе од оваа година, а ќе започне на 8 март во Катар.

Loading...