Во очекување на осмата генерација која светлото на денот треба да го види оваа година, можеби е интересно накратко да се помине низ историјата на најпопуларниот автомобил во Европа – Volkswagen Golf

На пазарот за првпат се појави пред 45 години и во меѓувреме стана толку доминантен што цела класа на автомобили неофицијално е наречена по неговото име.

Со текот на годините автомобилот се развива дизајнерски, добива нови форми, нови мотори, нови технологии, но успехот секогаш е непроменет.

Golf 1

Претставен во 1974 година, во исто време претставува револуција и спас за Volkswagen. Волфсбург со новиот автомобил вели збогум на традицијата бидејќи Golf има мотор кој се наоѓа во предниот дел на возилото, преден погон и ладилник на вода. За само две години, направени се милион единици.

Golf 2

Новата генерација на Golf доаѓа во летото 1983 година, нудејќи повеќе простор за патниците и многу полуксузен ентериер. Под хаубата, сега може да се најде и турбодизел, но и погон на сите тркала. Подоцна е откриено неговото најмоќно оружје – долговечноста. Со децении по завршувањето на производството и на „двата“ модела, тие и понатаму може да се видат не само на нашите патишта.

Golf 3

Кога се појави во 1991 година, тоа беше првиот Golf со воздушно перниче. Дизајнот веќе проверен, но со промена на традиционалните кружни фарови. Се разбира и пообемен.

За прв пат, моделот добива и караван верзија, но и спортска варијанта со шест цилиндерски мотор и дизел со директно вбризгување.

Golf 4

Со Golf 4 VW во 1997 година, прави нов почеток. Тој ги руши сите класни ограничувања и поставува нови стандарди за квалитет. За првпат, Golf е достапен и со 6-степен менувач, а со тоа и моќта на моторот се зголемува.

Од180 со специјалната верзија 25 Years GTI до R32 со 241 КС. Тоа е најбрзиот Golf некогаш направен.

Golf 5

По шест години производство на „четворката“, доаѓа „петката“.. Golf 5 е првиот VW автомобил со ласерски варови. Техника која на Golf  му носи значително покрута каросерија.

Со оваа генерација, Golf ја поминува бариерата од 20 милиони единици. А поставува и високи стандарди за безбедност, со осум воздушни перничиња во салонот.

Верзијата GTI за првпат добива турбо-бензинец со директно вбризгување. Семејството е проширено со верзиите Golf Plus, Cross и Variant.

Golf 6

Пред пред 11 години светлината на денот ја здогледува Golf 6. „Шестката“ ги зацврстува квалитативните стандарди на шасијата со ласерски варови добивајќи пет ѕвездички на краш тестовите на EuroNCAP.

Во фокусот на оваа генерација е економичноста, транзицијата кон директно вбризгување и технологијата common-rail кај дизелот. Сепак, новите TSI турбо-бензински агрегати носта проблеми со ланецот.

Golf 7

Во есента 2012 година, VW ја претстави седмата генерација на својот бестселер. Поставен е на модуларната платформа MQB која овозможува производство на различни модели, со што се намалуваат трошоците на производителот.

Со седмицата, моделот за првпат ја намалува својата тежина во споредба со претходната генерација за околу 100 килограми. Исто така, добива систем старт / стоп, нови агрегати и електричен и хибриден погон.

Добива и одреден број на системи за безбедност, како што е адаптибилен темпомат, асистент за одржување на лентата на движење, систем за избегнување на судир, откривање на замор кај возачот …

Golf 7.5

По четири години, Volkswagen ја обновува „седмицата“ во сите варијанти, вклучувајќи ги GTE, Variant и GTI, кои добиваат дополнителни „коњи“. Пристигнува и нов турбо-бензинец, 1,5-литарски TSI со технологија за гаснење на цилиндрите. LED светлата станаа стандардни во пакетите со повисока опрема.

Golf 8

Сега ја чекаме осмата генерација чија премиера е одложена до почетокот на следната година од „технички причини“ – проблеми со електрониката, но VW тврди дека проблем е само мултимедијата и нејзиното ажурирање.

Иако базиран на малку изменетата MQB Evo платформа, ќе нуди бројни новини како што е голем head-up дисплеј, нов мултимедијален систем со гласовни команди, а во плановите е и повисоко ниво на автономно возење. Што се однесува до верзиите со високи перформанси, GTI треба да развива 245, а R 300, можеби дури 330 КС.