Од полноќ горивата со нови намалени цени!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 05.05.2022 година
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.
- Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,465 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,155 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,392% или за 10,850 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,874 или за 5,800 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,827% или за 5,300 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,482% или за 6,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8878 ден/$ и е за околу 0,05% понизок од курсот на доларот (55,9160 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка