Технологијата е слична на безжичното полнење на мобилните телефони

Шведска, прва во светот, ќе ја отвори првата електрифицирана патна делница во 2025 година. Идејата на овој систем е, се разбира, полнење на електричните автомобили во движење. Станува збор за патот помеѓу Стокхолм, Гетеборг и Малме. Тоа е само прва делница. Идејата е дека повеќе од 3.000 километри шведски патишта ќе добијат иста форма на електрични инсталации.

Шведска веќе го тестираше системот за индуктивно полнење под патот (како и многу други земји), а сега за прв пат се најавува дека оди со трајно решение. Технологијата е слична на безжичното полнење на мобилните телефони. Електричните возила се опремени со калем и се полнат додека минуваат пат опремен со електрична инсталација.

Само 25 отсто од шведската патна мрежа треба да биде електрифицирана за оптимално искористување. Ова значи дека автомобилите би можеле да имаат и помали батерии и да бидат поевтини. Euro News објави дека Шведска соработувала со Германија и Франција за да ги сподели искуствата и резултатите од истражувањето, а Велика Британија, САД и Индија исто така инвестираат повеќе време и пари во изградба на електрифицирани патишта.