Од денес бензините поскапи, дизелот со намалена цена!
Со последната одлука на РКЕ е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 30.03.2022 година
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,391 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,499% или за 21,050 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,683% или за 12,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,420% или за 10,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,395% или за 10,400 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,0292 ден/$ и е за околу 0,128% понизок од курсот на доларот (57,1024 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка