Со оваа Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,66%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 18.11.2019 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемени за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалени за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,388 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,957 ден/кг.