Новата погонска единица ќе се користи во моделите A 45, GLB 45 и CLA 45

Станува збор за 2-литарска турбо единица со четири редно поставени цилиндри. Овој нов мотор ја носи ознаката M 139, а во најмоќната „Ѕ“ конфигурација ќе развива 422 КС (310 kW). Тоа значи дека претставениот агрегат е досега најмоќниот сериски мотор со четири цилиндри.

Максималната моќност на моторот се произведува при 6.750 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент, кој е 500 Nm, се достигнува помеѓу 5.000-5.250 вртежи во минута.

Моторот ќе се произведува и во стандардна, послаба верзија со 388 КС (285 kW) при 6.500 вртежи во минута и 480 Nm, достапни помеѓу 4.750 и 5.000 вртежи во минута.

Двете варијанти на агрегатот M 139 се опремени со твин-турбо полнач, а моторот има маса од околу 160 кг.