Иронијата е во почетоците затоа што Феручио купил Ferrari и не му се допаднал. Мислел дека неговиот 250GT е премногу гласен и груб

Конечно е објавен трејлерот за долгоочекуваниот филм за историјата на Lamborghini. Се фокусира на основачот на компанијата Феручио Ламборџини и неговото ривалство со Енцо Ферари. Сценариото е на Роберт Мореско, кој воедно е и режисер на филмот заснован на биографијата на Феручио Ламборџини.

Биографијата всушност ја направил Тонино Ламборџини – синот на Феручио. Приказната се држи до вистинската приказна или што навистина се случило.

Самиот трејлер нуди неколку увиди во животот на Феручио пред да го создаде Lamborghini. Дознаваме за неговите први чекори како производител на трактори и како првично му пристапил на Ферари за соработка.

Енцо го одбил, и тоа е она што го започналo ривалството кое постои и денес. Освен тоа, начинот на кој Ферари го одбил му дал поттик на Феручио да го создаде Lamborghini каков што го знаеме денес. На пример, при претставувањето на првиот Lamborghini 350 GTV, Феручио и се обраќа на публиката цитирајќи го Френк Синатра: „Ferrari купуваш кога сакаш да бидеш некој. Lamborghini купуваш кога си некој“.

Иронијата е во почетоците затоа што Феручио купил Ferrari и не му се допаднал. За неговото Ferrari 250 GT сметал дека е премногу гласно и грубо и мислел дека може да го подобри. Разговарал со Енцо Ферари и откако тој практично го избркал од канцеларија, Феручио ги презел работите во свои раце.

Тој прво го модифицирал сопствениот 250 GT за да го направи поудобен и побрз. Потоа основал сопствен бренд на спортски автомобили. Останатото е историја.