Половина година од победата на Peugeot 208, веќе сме на почетокот од новиот циклус од Европскиот избор за автомобил на годината за 2021 година (Car of the Year 2021 – COTY). 

Она што е важно за Изборот е дека кандидатите за титулата мора да бидат во продажба, на најмалку пет европски пазари, пред крајот на оваа година. Ова го објаснува фактот дека списокот содржи некои модели кои сè уште не се изложени во салоните, но тоа, според најавите, ќе се случи пред крајот на календарската година. Таков е случајот со Hyundai Tucson, но и со Dacia Sandero.

Во секој случај, првичната листа ќе биде ревидирана за прв пат во средината на ноември, кога ќе започне гласањето, бидејќи новинарите што го сочинуваат жирито ќе изберат седум финалисти, а нивните имиња ќе бидат објавени на 7 декември. Новиот круг на гласање потоа, формално ќе одреди кој ќе го добие ласкавото признание, додека официјалното доделување на наградата ќе следи на 1 март. 

Ова е првичниот список со 38 учесници во Изборот на Европски автомобил на годината.

  • Aston Martin DBX
  • Audi A3
  • Bentley Flying Spur
  • BMW 2 Grand Coupé
  • BMW Serija 4
  • Citroën C4
  • Cupra Formentor
  • Dacia Sandero
  • DS 9
  • Ferrari Roma
  • Ferrari SF90
  • Fiat New 500
  • Ford Explorer
  • Ford Kuga
  • Honda e
  • Honda Jazz
  • Hyundai i10
  • Hyundai i20
  • Hyundai Tucson
  • Kia Sorento
  • Land Rover Defender
  • Lynk&Co 01
  • Mazda MX-30
  • Mercedes-Benz GLA
  • Mercedes-Benz GLB
  • Mercedes-Benz GLS
  • Mercedes-Benz S klase
  • Opel Mokka
  • Peugeot 2008
  • Polestar 2
  • Rolls-Royce Ghost
  • Seat Leon
  • Škoda Octavia
  • Toyota Mirai
  • Toyota Yaris
  • Volkswagen Caddy
  • Volkswagen Golf
  • Volkswagen ID.3.
Loading...